Митков во одлична форма, но Кремс загуби од Фиверс

Тимот на Медикал Кремс, каде што игра десниот бек на македонската репрезентација Влатко Митков, го доживеа третиот пораз во четвртото коло од австрискиот шампионат, откако загуби кај незгодниот тим на АОН Фиверс Маргаретен со 28:26.

Митков беше еден од тројцата најдобри стрелци кај Кремс, заедно со Шоф и Пош, кои дадоа по 6 голови, но сето тоа беше премалку за да се забележи позитивен резултат на ова гостување. Во следното коло, Кремс ќе игра на гости против слабиот Линц.

Фото:se4a-pictures.at