Митиќ: Дуелот против Е. Работник е ист како сите други во Суперлигата

Денеска со почеток во 18:30 часот ќе се игра првото градско дерби сезонава меѓу градските ривали Еурофарм Работник и Пелистер. Лани овие два тима одиграа пет дуели, но за еден од најдобрите пелистерци оваа сезона, Србинот Михајло Митиќ, ова ќе биде прво градско дерби. Тој вели дека ова ќе биде еден од најтешките натпревари досега за Пелистер оваа сезона.

„Овој дуел за мене е како сите лигашки натпревари, но е една од најтешките во шампионатот. Мораме да влеземе во мечот максимално подготвени. Јас сум тука 3 месеци, знам дека Е. Работник има добра екипа, со одлични поединци и неколку репрезентативци на Македонија, како и неколку странци. Станува збор за сериозен тим, па се надевам дека ќе гледаме цврст и одличен натпревар. Битола е ракометен град, и знам дека салата ќе биде исполнета вечерва до последно место.“ – изјави Митиќ.

Мечот меѓу Е. Работник и Пелистер се игра вечерва со почеток во 18:30 часот.