Мистериозна порака на „твитер“: За што се извини најдобрата холандска ракометарка?

Интересен пост се појави денес на социјалната мрежа „твитер“ кога најдобрата холандска ракометарка на својот профил се извини за својата постапка:

„СЕ ИЗВИНУВАМ ШТО МАМЕВ, ЈАС СУМ ДОБРА ЛИЧНОСТ.. СИТЕ НИЕ ПРАВИМЕ ГРЕШКИ“

Polman

Пораката остави многумина во прашалници, а додека сите се обидуваа да погодат за што точно се извинува: Дали се работи за допинг, изневерување на нејзиниот вереник- фудбалерот Ван Дер Ваарт или едноставно се работи за незадоволство од нејзината игра во РИО, популарната ракометарка набргу се одгласи дека некој нелегално успеал да дојде до нејзиниот профил и ја напишал пораката.

Untitled

Холандската репрезентација денеска е пред огромен предизвик бидејќи во „Арената на иднината“ ќе се сретне со репрезентацијата на Шведска каде ќе се бори за влез во четврт-финалето.