Мирјана Миленковиќ останува во Подравка

Голманката на Подравка, Мирјана Миленковиќ го продолжи договорот со клубот од Копривница и раководството ќе смета на нејзините услуги уште една година. Репрезентативката на Црна Гора беше една од најзаслужните за враќањето на домашната титула во Копривница.

Миленковиќ од 2013-та година е дел од Подравка, а во својата кариера има настапувано и за Бенсансон, Ичако, ЖРК Бисери, ЖРК Будуќност, Књаз Милош и ЖРК Раднички Белград.

Подравка не успеа да го продолжи договорот со Миранда Татари, Јелена Живковиќ, Кристина Елез и Јелена Трифуновиќ.

Македонскиот шампион ЖРК Вардар ја ангажираше Андреа Човиќ (пикер) од Подравка во своите редови.