Миркуловски: Јас и Мојсо ја задолживме оваа репрезентација

Филип Миркуловски го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на Македонија и среќно ја заврши својата ракометна приказна во црвено -жолтиот дрес. Миркуловски го започна, а Мојсоски го затвори фантастичниот натпревар на македонската репрезентација. Откако успешно ја заврши својата мисија во македонскиот национален дрес, со пласман на СП во Франција 2017, популарниот Жути пред медиумите говореше за годините изминати во македонскиот репрезентативен состав и крајот на одличната репрезентативна кариера.

Филип Миркуловски :

„  Мило ми е  што среќно се заврши оваа приказна. Планиравме да ја завршиме во Рио, но тоа не се оствари и можеби ќе остане како црна дамка на овааа репрезентација. Тогаш желбата беше голема, можеби и преголема, но сега колку толку се искупивме со пласманот на СП. Секоја чест за колегите кои ни овозможија со пласман на СП да се збогуваме со репрезентацијата. Јас и Мојсо сме пример за помладите и ја задолживме оваа репрезентација. Сакаме младите да го продолжат нашиот пат , да не се штедат за Македонија и за овој дрес. Им благодарам на сите за поддршката. Сакаме младите генерации да го продолжат нашиот пат и да не се штедат за репрезентативните бои. Ние кога започнувавме, успех беше да се игра бараж, а не големо натпреварување, им оставаме на следните генерации високи стандарди им се заблагодарувам на Федерација кој ни пружи услови какво што секоја репрезентација може да се посака. Имаат човек на селекторската функција кој знае да работи со млади играчи и се надевам дека ќе го продолжи тој успех. Тешко ми е да заминам од репрезентацијата, но мојот стил на игра не ми дозволува толку лесно да се опоравам после вака тешки натпревари, а сепак треба да го зачувам и тоа малку здравје што ми остана. “ – изјави бекот на македонската репрезентација