Миркуловски “стрелаше” шест пати во поразот на Хановер против Магдебург

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски одигра уште една добра партија во дресот на Хановер и покрај поразот на неговиот тим од Магдебург на гости со резултат 34-28 (12-13). Миркуловски беше еден од најдобрите поединци во дресот на Хановер постигнувајки шест гола. Покрај шесте постигнати погодоци Миркуловски подели и неколку успешни асистенции на своите соиграчи а одличен беше и во дефанзивата. Хановер го имаше водството во поголемиот дел од натпреварот а во 35 минута поведе и со +3, 14-17. Но домаќините успеаа да се вратат во игра поведувајќи со 28-24 на осум минути до крајот. До крајот успеаа да го зголемат своето водство за конечни 34-28.