Миркуловски се враќа во составот на Вецлар

Бундеслигашот Вецлар објави дека ќе може да смета на услугите на македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски веќе на утрешниот натпревар против Балинген. Миркуловски имаше повреда на препоните и изминатите неколку недели не беше во комбинација за настап.

„Филип на најдобар начин ја искористи паузата и рехабилитацијата. Тој веќе не чуствува никаква болка и може да се врати на тренинзите и да се стави на располагање на екипата. Како што сега стојат работите ќе можеме да сметаме на неговите услуги веќе на утрешниот натпревар против Балинген“.- изјави тренерот на Вецлар, Бјорн Сеп.

Миркуловски поради процесот на рехабилитација мораше да го откаже репрезентативниот повик за време на ЕХФ недeлата којa ќе се одржи од 2 до 9 октомври.