Миркуловски му донесе победа на Вецлар против Хановер

Екипата на Вецлар каде настапува македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски успеа својот дуел од 16. коло да го претвори во победа. Совладана беше екипата на Хановер со 29:28.

Посебно значаен беше овој дуел за Миркуловски, бидејќи преставуваше враќање од повредата со која се здоби пред неколку недели. А враќањето го обележа со два голови и четири асистенции со што беше еден од најдобрите играчи во победата.

Натпреварот започна израмнето, но до првата поголема предност стигна Вецлар. Соиграчите на Миркуловски играа извонреден прв дел кој го добија со 16:12.

Во вториот дел, гостите наметнаа силен ритам, кој на неколку минути до крајот ги однесе до еден гол негатива. Но тогаш, во оние моменти кога Хановер беше на работ на изедначување, се појави Филип Миркуловски кој со вториот негов гол на средбата му донесе победа на својот тим.

Покрај добрата партија на Миркуловски, одлични беа, Емил Френд Ефорс кој погоди петпати, а ист учинок имаа и неговите соиграчи, Антон Линдског и Оле Форсел Шефверт. Кај Хановер, се истакна, Каи Хефнер кој погоди деветпати и Тимо Кастенинг кој беше стрелец на седум гола.