Миркуловски : Мораме да докажеме дека заслужуваме да се пласираме на СП

Филип Миркуловски ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на македонската репрезентација на реванш дуелот со Чешка в среда за пласман на СП 2017. Македонскиот централен бек се надева дека неговата ракометна приказна ќе заврши со среќен крај и дека Македонија ќе избори пласман на уште едно големо натпреварување.

  • „ Ова ќе биде мој последен натпревар, се надевам со среќен крај. Верувам дека ќе се пласираме на СП и дека помладите ќе покажат што знаат на тоа првенство. Очигледно е дека сè уште не сме излезени од кризата од април, но сега мораме да докажеме дека заслужуваме да се пласираме на СП. Шест погодоци се многу, но понекогаш можат да бидат и малку. Без разлика на сè целиме да се пласираме на СП. Ќе биде тешко но го прифаќаме предизвикот. Спремни сме да го дадеме својот максимум , па дали ќе биде доволно во среда, ќе видиме. “  – истакна популарниот Жути.

 

Во одност на тактичкиот план за реванш натпреварот во среда , Миркуловски изјави дека потребно е забрзување на играта.

  • „ Потребно е да ја забрзаме играта, посебно враќањето од напад во одбрана. Ако не сме сигурни во измените, да пробаме да се одбраниме со тие играчи што се на теренот. Треба да ја подобриме играта во одбраната , да се згусне средината и да не им дозволиме брзи продори. Се надеваме на добар ден на нашите голмани , а со тоа и подобра игра во нападот. “ – изјави Миркуловски.