Миркуловски и Манасков ја започнаа ракометната приказна во Бундеслигата

Македонските ракометни репрезентативци Дејан Манасков и Филип Миркуловски денес го имаа своето деби во најсилната ракометна лига во светот, германската бундеслига.
Вецлар на домашен терен славеше убедлива победа на Хамбург од 32-27, а Манасков успеа два пати да се запише во листата на стрелци. Миркуловски и Хановер можат да бидат задоволни што успеаа да се изборат за реми на незгодното гостување против Либек. Либек имаше добиен натпревар откако на триесет секунди до крајот имаше водство од 25-24 и топка, но гостите докажаа дека ракометот се игра до последната секунда кога Каи Хефнер донесе бод за Хановер. Миркуловски беше стрелец на 4 погодоци.

Mirkul
Филип Миркуловски во дресот на Хановер
manaskov
Дејан Манасков во дресот на Вецлар