Миркуловски и Вецлар губеа седум разлика, но со фантастичен камбек го освоија „Шпаркасе купот“

Тимот на Вецлар, каде што настапува македонскиот интернационалец Филип Миркуловски, го освоија првиот трофеј во претсезоната.

Вецлар славеше во финалниот натпревар на „Шпаркасе купот“ против бундеслигашот Гепинген со 36-35 на пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши 31-31.

Претходно Вецлар губеше со седум голови, 20-27, но сепак направи фантастичен пресврт и се врати во игра.

Миркуловски овој дуел го заврши со еден постигнат погодок.