МИРКУЛОВСКИ: Испуштивме добра шанса!

Еден од креаторите на играта на Македонија, Филип Миркуловски беше еден од најзаслужните за одличната игра на Македонија. Видовме свежина, дрскост, храброст и мотив во натпреварот против Франција што влева доверба дека Македонија може и мора.За тоа како искусниот бек го виде натпреварот против Европскиот, Светскиот и Олимпискиот првак, тој вели:

МИРКУЛОВСКИ: Игравме 45 минути добро, последните 15 минути на крајот го испуштивме натпреварот, не знам зошто, се случија некои технички грешки и избрзани удари. Не требаше така да го пропуштиме овој натпревар, според мене бевме егал 50 минути, зошто да не одигравме 60 минути егал, можеше се да се случи во послендите 10 минути доколку влезевме поконцетрирано. Испуштивме добра шанса, Франција е искусен противник и ќе ја казни секоја наша грешка. Сега имаме ден одмор, да се одмориме и подговиме за Полска да одиме на два бода.

Можеби ни лежи таа игра на Полска, сега играме пред 15000 навивачи, доколку имаме 50-50 судење мислам дека ќе можеме да се носиме со нив.