Миркуловски: Играме пред наша публика, без притисок!

Неделата на ЕХФ, во квалификациски циклус за ЕП2016, македонската репрезентација ја започнува со најсилниот противник, селекцијата на Франција. Во следниот период Македонија ќе одигра двомеч со репрезентацијата на светскиот и олимписки првак. По тој повод во просториите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше одржана прес-конференција на која зборуваа Филип Миркуловски, Борко Ристовски и селекторот Ивица Обрван.
Филип Миркуловски, ракометар на македонската репрезентација:

Утре играме со светскиот и олимписки шампион сите знаеме со каков квалитет располага, играме пред наша публика, без притисок. Важните натпревари следуваат во јуни против Чешка и Швајцарија ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да оствариме позитивен резултат.

Борко Ристовски, ракометар на македонската репрезентација:

Ни доаѓа најдобрата репрезентација во последните 10 години, одличен тест натпревар, за нас главното доаѓа во јуни. Ова е една проверка да видиме до каде сме и да се обидеме да го задржиме континуитетот на квалификациите. Ако дадеме 100 % и ако загубите чесен натпревар, тогаш сте отишле чекор понапред.

Ивица Обрван, селектор на македонската репреентација:

Вчера имавме полесен тренинг со видео анализа, на која Аце, Кире и Мојсовски пристигнаа од подолго патување. Велко Марковски пријави повреда на ахиловата тетива, а Наумче има повреда на шутерското рамо. Ќе имаме уште еден тренинг до натпреварот со Франција, така предвиде ЕХФ за сите, тоа важи и за нас.

Натпреварот против Франција се игра утре 29.04.2015 во спортскиот центар Борис Трајковски со почеток од 20:15. До крај на квалификацискиот циклус, освен двомечот со Франција, македонската репрезентација треба да одигра уште два натпревари со репрезентаијата на Чешка и Швајцарија.