Миркуловски во акција против Манасков и Вецлар ! (ВИДЕО)

Во дуелот помеѓу двата Македонци во Бундеслигата, Филип Миркуловски со својот Хановер на домашен терен го совлада Вецлар на Манасков со 28-26. Миркуловски имаше одличен натпревар за својот тим и со три постигнати погодоци и пет изнудени удари од седум метри беше еден од најзаслужните за победата на Хановер. Најдобрите моменти од играта на Филип Миркуловски погледнете ги на видеото подоле.