Миркуловски: Баражот во јуни е мој последен настап за Македонија!

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски најави повлекување од репрезентативниот дрес по јунскиот бараж натпревар на македонската репрезентација.

Видно разочаран од неуспехот на македонската репрезентација, Миркуловски не чекаше да ја соопшти неговата одлука на македонската јавност.

12968647_10207577367145478_196148633_n

Ова е неславен крај на една генерација, едноставно ете немаме мадиња да направиме нешто повеќе, можеби со квалитет сме добри но треба нешто повеќе од тоа за да добиете вакви натпревари. На нас ни е најтешко но ете, не успеавме во тоа што го ветивме, делувавме спремно но излезе сосема спротивното, не го издржавме притисокот.

Сигурно дека за мене баражот во јуни ќе биде последен настап за Македонија, редно е да се приклучат помладите во неа во што поголем број. Нема веќе ни здравје, во јуни ќе пробаме да се пласираме и ќе дадам се од себе на тој мој последен натпревар да се пласираме на СП и таму младите да покажат што имаат.