Минимален пораз за Десподовска и Пјотрковија

Тимот на Пјотрковија каде настапува македонската интернационалка Зорица Десподовска го доживеа вториот пораз во полскиот шампионат, овојпат на гостински терен од тимот на Нови Сач со минимални 31:30, иако на полувремето имаа предност од 18:16.

Десподовска постигна 2 гола на овој и тоа двата беа од пенал. Во следното коло Пјотрковија ќе игра на домашан терен против првакот Лублин и ќе има тешка задача да ја забележи првата победа.

Фото: KB SPort Foto