Миневскаја од следната сезона во Лајпциг

Една од најталентираните ракометарки на денешницава Шенија Миневскаја од следната сезона ќе биде член на германскиот будеслигаш Лајпицг.

Со само 22 години Миневскаја беше најдобар стрелец во Бундеслигата во изминатата сезона со 239 постигнати погодоци. Ќерката на двајцата ракометни светски шампиони живее во Германија од својата втора година иако е родена во Минск – Белорусија.

Од Метзинген таа се сели во Лајпциг со тригодишен договор а причините за нeјзиниот трансфер се должат на желбата за напредок во кариерата.

“Со нетрпение очекувам да играм за мојот нов тим, иако морам да признаам дека одлуката не беше лесна бидејќи јас навистина се чувствувам многу добро во Метзинген. Сепак бидејќи сакам да напредувам во мојата кариера и сакам да играм на меѓународно ниво Лајпциг e одличен избор за мене. Горда сум што ќе го носам дресот на Лајпциг и секако ќе го одработам договорот со мојот сегашен клуб до крај” изјави Миневскаја за официјалниот сајт на Лајпциг.