Минден им украде бод на Миркуловски и Вецлар

Вецлар и Филип Миркуловски не ја продолжија победничката серија во Бундес Лигата. По двете победи во Купот на Германија и стартната во шампионатот над Гумерсбах, Вецлар беше изненаден дома од Минден и одигра само 24:24.

Македонскиот репрезентативец одигра поголем дел од натпреварот и постигна 2 гола од 2 обиди. Во следното коло Вецлар и Миркуловски ќе му гостуваат на поранешниот клуб на средниот бек, Хановер.