СТРУГА 2017: Минатогодишниот шампион без проблеми, Шарт убедлив на полувреме против Струга

Минатогодишниот освојувач на турнирот во Струга, францускиот тим Шарт и ова лето е дел од традиционалниот турнир. Французите немаа проблеми на стартот и на полувреме води на премиерниот меч против домаќинот Струга со 9:17.

Гостите отворија со водство од 0:3, пред Нацев и Дукоски да намалат на 2:3. Некокуте грешки во нападот и избрзаните шутеви, на кои се надоврзаа одбраните на искусниот Небојша Граховац, беа доволни за Шарт да се одлепи на 3:8 во 11 минута.

По 6:12 во 18 минута, францускиот тим постигна уште 4 голови во серија за највисоки плус 10, 6:16. До крајот на полувремето погодуваше најистакниот во францускиот состав, Футрие за конечни 9:17 на паузата.