Милоје Долиќ и официјално промовиран во Работник

Дебитантот во македонската суперлига, екипата на Работник доведе нов бек во своите редови. Откако во подготвителниот период најдобриот поединец во битолскиот состав Дејан Пецаковски, се повреди, управата веднаш реагираше и ја зацврсти надворешната бековска позиција. Работник потпиша договор со српскиот среден/лев бек  Милоjе Долиќ.

23-Годишниот српски интернационалец во својата кариера настапувал во српското и унгарското првенство. Во Битола пристигнува од Нирегиаза во унгарскиот шампионат, а има искуство од настапи и за Кониг Балмавујазороши.

Милоjе Долиќ успешно ги мина пробните натпревари на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп и првите луѓе на клубот му понудија договор кој денес и официјално беше потпишан. Од Еурофарм Работник најавуваат дека во следните денови ќе доведат уште неколку нови ракометари.