Милосављев: Чекавме вистинска шанса и ја искористивме

Вардар славеше на гостувањето кај Загреб со 18-27 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, па четвртфиналето е многу блиску.

Голманот Дејан Милосављев беше прогласен за МВП на овој натпревар.

„Многу добар натпревар за нас. Од почетокот кога тргнавме сакавме да играме во ова осминафинале. Ова ни е трет меч сезонава против Загреб. Тие секогаш играат добро против нас. Ги анализиравме добро. Имавме доста среќа денеска и одигравме одговорно во одбрана и во нападот. Чекавме вистинска шанса и ја искористивме. Чест ми е што одигравме ваков натпревар против Загреб. Се надевам дека ќе одиграме вака добро и во Скопје и со уште една победа ќе влеземе во четвртфиналето“, вели Милосављев.

Реванш средбата меѓу Вардар и Загреб се игра в сабота со почеток во 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.