МИЛОСАВЉЕВ: НЕ СУМ ВИДЕЛ НАРОД СО ГОЛЕМО СРЦЕ КАКО МАКЕДОНСКИОТ! (ВИДЕО)

Вардарци ја прославија титулата со навивачите на плоштадот Македонија, а еден од оние што ќе напуштат клубот на крајот на годината е Дејан Милосављев.

Тој вели дека неговите соиграчи се нешто посебно.

„Добро вечер за народот со најголемо срце што некогаш сум видел. Овие момци се нешто посебно. Игравме за вас до максимум, пуштивме крв и покажавме дека ќе ви вратиме за вашата поддршка. Да живее Вардар, да живеат Македонците“, кажа Милосављев.