Милосављев: Лани го гледав финалето на ТВ и се воодушевував, а сега го кренав пехарот

Еден од најзаслужните ракометари за европската титула на Вардар беше голманот Дејан Милосављев, кој бранеше во одлична форма во текот на целата сезона. Тој вели дека до лани гледал завршните турнири ги гледал на ТВ и им се воодушевувал на легендите, а сега го крена пехарот.

„Делува нереално, лани Ф4 го гледав во родното Долово со мојот брат, се воодушевуваме на легендите. Се сеќавам кога потпишав за Вардар и влегов во соблекувалната, се ми беше нестварно бидејќи бев во друштво на толку многу легенди. А сега бев дел од овој тим и стигнав до пехарот“, вели Милосављев во за српскиот весник „Новости“.

Иако финансиските проблеми за Вардар се минато, сепак Милосављев не почека и пред завршниот турнир во Келн потпиша за бундеслигашот Фуксе Берлин.

„Пред заминувањето за Келн им соопштив на соиграчите дека си заминувам. Сите ме поддржаа, разбраа зошто го правам тоа бидејќи сите јадеме ист леб. Слушавме и читавме многу за проблемите со Вардар, но никој не дојде да разговара со мене и не сакав да ризикувам. Потпишав за амбициозен клуб и ќе играм во Бундес лигата“, заврши Милосављев.