Милосављев во одбрано друштво, ја има втората најдобра одбрана (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев и на средбата против Рајн Некар во саботата покажа дека е во одлична форма и со неколку одбрани во вториот дел помогна во правењето на пресвртот. Имаше одново забележителна партија, па сосема оправдано се најде во изборот за Топ 5 одбрани во 4. коло од Лигата на шампионите.

Милосављев се најде во одбрано друштво и е позициониран на 2. место. Овој пат на врвот е Миклер кој ги собра аплаузите откако одбрани пенал на крајот од времето во Мешков и донесе два бода за својот тим. Практично одбраната беше за пенал бидејќи Ѓукиќ биеше за реми на овој дуел.

Сепак, Милосављев е во Топ 5 и ова е само ново признание за одличните игри и секако тоа е потврда и за одбраната на Вардар која е одлична во првите четири средби со просек од 25 примени голови по натпревар што ја прави најдобра во групите А и Б.

Инаку, во Топ 5 покрај Милосављев и Миклер се најдоа и голманите: Никола Портнер (Монпелје), Алјаж Пањтар (Целје) и Сирил Думолан (Нант).

Петте најдобри одбрани можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.