Милиќ, Илиќ, Чупиќ…ТОП 5 голови и одбрани во СЕХА за ноември (ВИДЕО)

Иако во месец ноември беа одиграни само 11 натпревари во СЕХА Лигата, поради настапите на екипите во Лигата на шампионите, сепак од медиа тимот на регионалното натпреварување ги избраа најубавите голови и одбрани.

Свое место тука имаат и ракометарите на Вардар, Страхиња Милиќ (за одбраните против Металург), како и десното крило Иван Чупиќ (за голот против македонскиот вицепрвак), додека и Вања Илиќ од Металург доби признание за одличниот гол од пенал на дербито против „црвено-црните“. Погледнете и уживајте…