Милиќ задоволен од бодовите против незгодниот Целје

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ бранеше во поголемиот дел од средбата против Целје. После мечот тој само го надополни тренерот, Раул Гонзалес.

„Знаевме дека ова ќе биде тешка средба бидејќи секогаш е така кога играме против Целје. Тоа е добар тим кој игра во одлична атмосфера. Сепак, ние успеавме да го одработиме она што се очекуваше од нас и успеавме да дојдеме до бодовите“, изјави Милиќ,

Од тимот на Целје, после мечот коментираше, Тилен Кодрин.

„Му честитам на Вардар за победата. Ние покажавме добра игра до крајот, но пропуштивме многу шанси за да успееме да дојдеме до подобар резултат. Останува на следните средби да се избориме за нови бодови“, рече Кодрин.