Милион денари од АМС за младите за успехот во Алжир

Ракометната Федерација на Македонија доби награда од страна на Агенцијата за млади и спорт во висина од еден милион денари за значајниот успех на нашите ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија 6. место.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи, залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделувањето на средствата.