Милена Кнежевиќ за Будуќност: Изградивме здрав систем и веруваме во нештата што ги правиме

Актуелните освојувачи на Лигата на Шампионите со полна пареа работат на подготовките за новата сезона. Стационирани во малиот црногорски град – Жабљак ракометарките ја одработија првата седмица од подготвителниот период а централниот бек – Милена Кнежевиќ слободното време го искористи за да одговори на неколку прашања поврзани со новата сезона.

-Како ја искористивте летната пауза. Какви новости се случија кај вас за време на паузата?

Ова лето беше навистина посебно за мене. Најпрво уживав во одморот кој што го заслужив после успешната сезона која ја одигравме. Новостите во мојот живот се однесуваат на тоа дека ова лето јас стапив во брак па поради тоа ова година за мене е посебна.

-Во минатата сезона Будуќност се натпреваруваше практично без конкуренција во Лигата на Шампионите. Која е тајната на ваквата доминација?

Со текот на годините ние успеавме да изградиме еден систем кој се покажа дека е клучен за нас. За нашата екипа е многу битно да имаме еден здрав систем и да веруваме во себе и во нештата што ги правиме. Слободно можам да заклучам дека токму ова не води до успех.

-Во споредба со минатата сезона Волетринг, Рајчиќ, Далби, Деспотовиќ и Николиќ го напуштија тимот додека неколку талентирани играчи се прикличија на првиот состав. Колку сте задоволни со играчкиот состав и дали сметате дека е предност фактот што Будуќност успеа да ги зачува најголем дел од играчите?

Секако дека сметам дека е одлично за нашиот тим тоа што успеавме да ги задржиме главните играчи кои го донесоа успехот со освојување на титулата во Лигата на Шампионите. Сеуште мислам дека имаме одличен состав но од сите играчи кои го напуштија тимот мислам дека најмногу ќе ни недостасува Клара Волтеринг. Сепак верувам дека Марта ќе си ја одработи својата задача на високо ниво.
Buducnost Shampioni FINAL4 EHF CL 2015 (Budimpesta) (20)

– Во Лигата на Шампионите вашата екипа е во иста група заедно со Букурешт, Савехоф и Лублин. Какво е вашето мислење за противниците?

Мислам дека Букурешт е појак од другите две екипи во групата но секако ниту еден од противниците ние не го потценуваме. Романската екипа има навистина добар состав но ние имаме доволно време пред нас за да се подготвиме добро за сите три противници.

-Во текот на целата кариера настапувате за Будуќност. Дали некогаш сте размислиле да ја промените средината?

Од кога знам за себе настапувам за Будуќност и ова е моја 15 та сезона по ред. Во моментов имам важечки договор за следните две сезони и после тоа ќе размислувам за иднината. Мојата желба е да играм на страна во одреден период од мојата кариера секако доколку сметам дека има некој клуб кој е подобар од Будуќност. Во моментов сметам дека таков тим не постои.

-Кои тимови ги гледате како најголеми фаворите за титулата во Лигата на Шампионите оваа година. Дали Будуќност може да ја одбрани титулата?

Оваа сезона имаме повеќе тимови кои можат да се сметаат како фаворити. Го имаме Вардар кој успеа да го зачува најголемиот дел од тимот и да донесе некои засилувања. Исто така Ѓер направи одличен состав со неколку добри трансфери. Ларвик секогаш има одличен состав како и Икаст и Букурешт. Сепак сеуште е рано да се размислува за одбрана на титулата. Нашата цела во оваа сезона е финалниот турнир во Будимпешта и потоа се може да се случи.

Составот на Будуќност за сезоната 2015-2016

Голмани:
Марта Ждериќ, Ана Рајковиќ, Љубица Ненезиќ

Крила:
Радмила Петровиќ, Мајда Мехмедовиќ, Билјана Павичевиќ, Кинга Биздра, Дијана Ујкиќ

Бековски играчи:
Кристина Неагу, Катарина Булатовиќ, Милена Кнежевиќ, Ѓурѓина Јауковиќ, Ѓурѓина Маловиќ
Ванеса Аговиќ,  Јована Ковачевиќ

Линиски играчи:
Ема Расумовиќ, Драгана Цвијиќ, Сузана Лазовиќ

Преглед на трансфери:

Нови играчи:

Ана Рајковиќ, Љубица Ненезиќ, Дијана Ујкиќ, Ѓурѓина Јауковиќ,  Ѓурѓина Маловиќ, Ванеса Аговиќ, Јована Ковачевиќ, Ема Расумовиќ

Играчи кои го напуштија клубот:
Клара Волтеринг, Камила Далби, Марина Рајчиќ, Јелена Деспотовиќ, Жељка Николиќ


Линкот до оригиналнато интревју на англиски јазик може да го погледнете на europamester.dk

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ