Милан Ѓукиќ останува запишан засекогаш во историјата на Еурофарм Работник (ВИДЕО)

Ракометарот на Еурофарм Работник, кој игра на позицијата десно крило, Милан Ѓукиќ од Србија ќе остане запишан засекогаш во историјата на клубот. Тој е стрелец на првиот гол за клубот од Битола во СЕХА лигата.

Еурофарм Работник го совлада Спартак Москва со 34:29, а Ѓукиќ го постигна голот од контранапад во моментите кога се играше 5. минута и тоа во моментите кога противникот веќе имаше два постигнати гола.

Првиот гол на Еурофарм Работник во СЕХА лигата можете да го видите во видеото во продолжение.