Миклер само што пристигна во Сегед, а веќе го доби првиот „бонус“ (ФОТО)

Повратникот во екипата на ПИК Сегед и голман на репрезентцијата на Унгарија, Роланд Миклер го замени Веспрем со Сегед и веднаш го доби првиот „бонус“ во новиот клуб.

Бонусот всушност е автомобил Lexus RX на кој стои презимето на играчот. Претходно по пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите вакви „бонуси“ добија сите играчи на ПИК Сегед.

Миклер го напушти Веспрем после пет сезони. Во клубот пристигна во 2014 година и досега освои три титули во првенството на Унгарија, четири во Купот на Унгарија и две во СЕХА лигата. Тој се враќа повторно во Сегед, а претходно го бранеше голот од 2010 до 2014 година.