Миклер нека внимава: Вардар има џин кој бие со 130 км на час (ФОТО)

Највисокиот ракометар кој некогаш играл во редовите на Вардар, Даинис Кристопанс нема конкуренција сезонава во многу категории. Покрај тоа што вчера буквално сам на моменти ја рушеше одбраната на Барселона, тој беше и неприкосновен кога е во прашање брзината на шутот.

Од десетте најбрзи шутеви на дуелот со Барса дури четири се негови. Тој биеше неверојатно и со над 130 км/ч што е доказ дека е вистински „убиец за голманите“ и подобро им е да се тргнат отколку да стојат пред него на ваков шут.

Во продолжение можете да ги видите и топ десет најбрзите шутеви.