Микел Хансен повторно најдобар ракометар на Данска

Еден од најдорбите играчи на ПСЖ, Микел Хансен вчера по шестипат го доби признанието за играч на сезоната во Данска. Тој доби убедливо најмногу гласови така што беше со голема разлика пред Ласе Сан и Мортен Олсен.

Хансен доби дури 56 проценти од гласовите така што после 2009, 2011, 2012, 2015 и 2016 успеа уште еднаш да дојде до признанието. Сван кој беше вторпласиран имаше само 19 проценти од гласовите додека третопласираниот Олсен застана на седум посто.

НАЈДОБАР РАКОМЕТАР НА ДАНСКА

ИСТОРИЈА

2002/03: Ларс Кристијансен, Флензбург (Германија)

2003/04: Михаел Кнудсен, Виборг (Данска)

2004/05: Ларс Јоргенсен, Портланд Сан Антонио (Шпанија)

2005/06: Бо Спелерберг, КИФ Колдинг (Данска)

2007/08: Каспер Хвидт, Барселона (Шпанија)

2008/09: Микел Хансен, Барселона (Шпанија)

2009/10: Андерс Егерт, Флензбург (Германија)

2010/11: Микел Хансен, АГ Копенхаген (Данска)

2011/12: Микел Хансен, АГ Копенхаген (Данска)

2012/13: Андерс Егерт, Флензбург (Германија)

2013/14: Никлас Ландин, Рајн Некар (Германија)

2014/15: Микел Хансен, ПСЖ (Франција)

2015/16: Микел Хансен, ПСЖ (Франција)

2016/17: Микел Хансен, ПСЖ (Франција)a