Микел Агирезабалага се враќа во Адемар Леон

По ангажманот на нашиот интернационалец Дарко Димитриевски, екипата на Адемар Леон продолжува да се засилува за престојната сезона во Асобал лигата. Најнова нивна аквизиција е Микел Агирезабалага, ракометарот кој својата најголема играчка афирмација ја стекна токму во екипата на Адемар Леон играјки во овој клуб во периодот од 2007 до 2011 година. Агирезабалага и Адемар Леон се договорија за двегодишна соработка и во наредните две години ќе настапува во Асобал лигата.

По одличниот период во Адемар Леон од 2007 до 2011 година, Агирезабалага се пресели во екипата на Барселона каде настапуваше две сезони (2011-2013). Од 2013 година ја започнува својата не многу успешна интернационална кариера кога преминува во Динамо Минск каде се задржува до Јануари 2014 година, за потоа да направи трансфер во германската Бундеслига, каде во екипата на Есен каде го доигрува вториот дел од сезоната. Со Есен не успева да избори опстанок во Бундеслигата и од наредната сезона се враќа во Шпанија.