Микаел Апелгрен на курс по македонски: Веќе знае „Добро вечер“ и…

Голманот на Рајн Некар, Швеѓанецот Микаел Апелгрен изненади со своето добро познавање на македонскиот јазик. Уште при пристигнувањето во салата за тренинг им отпоздрави на новинарите со „Добро вечер“, но очигледно е дека неговиот речник на македонски е далеку побогат.

На што се должи ова учење на македонски јазик засега останува тајна, но нема да изненади ако влезе во комбинација за голот на Вардар со оглед на тоа што Штербик си заминува. Веројатно имал и добри учители бидејќи тој беше колега и со Борко Ристовски и Дејан Манасков, а сега и со Филип Талески.