Мешков и Потеко ја прекинуваат соработката, пивотменот се враќа во Целје

Од наредната сезона кружниот напаѓач на словенечката репрезентација Вид Потеко ќе се врати во својот претходен клуб Целје. Сезонава Потеко е член а екипата на Мешков Брест каде што претхнодно дојде од шампионот на Словенија, а ќе остане во белорускиот првак до крајот на оваа сезона.

Овој трансфер е дел од размената помеѓу двата клуба во кој се вклучени Вид Потеко и Јака Малус. Централниот бек на Целје се очекува да го засили белорускиот шампион Мешков Брест за следната сезона, иако се уште нема официјална потврда за овој трансфер.

Целје во овој период е многу активен на трансфер-пазарот, покрај Вид Потеко за наредните сезони обезбеди уште неколку играчи. Верност на клубот потпишаа и Матиц Грошељ, Тилен Кодрин и Гал Маргуч до летото во 2020 година. На екипата ќе се приклучат и младите Домен Новак од Добова и Стефан Жабиќ кој е на едногодишна позајмица во Марибор Браник.

Овие трансфери се резултат на најавените заминувања од Целје. Клубот на крајот на сезоната ќе го напуштат Вилијам Акамбре, Игор Аниќ, Бранко Вујовиќ, Кристијан Беќири и Јан Јуречиќ, а веќе си замина Србинот Драшко Ненадиќ.