Мешков ги распродава најдобрите: Павел Атман две години во Хановер

Рускиот репрезентативец Павел Атман, кој помина две сезони во македонскиот вицпрвак Металург, ја напушта екипата на Брест Мешков и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Бундес лигата, во дресот на Хановер.

По Кристопанс, кој ќе се пресели во македонскиот првак Вардар, Атман е вториот ракометар од белорускиот тим што си заминува летово. Наводно, средниот бек потпишал тригодишен договор со бундеслигашот до летото 2020 година.

29-годишниот Атман се пресели во Брест Мешков, од катарскиот Ел Џаиш, а претходно настапуваше за Металург, Динамо Минск и Чеховски Медведи.