Мешков Брест му честиташе на Вардар (ФОТО)

Преку официјалните страни на социјалните медиуми екипата на Мешков Брест му го честиташе на Вардар освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.

Тие исто така го потенцираат тоа дека еден од најзаслужните ракометари за освојување на трофејот Даинис Крисотпанс во Вардар претходно беше член на нивната екипа. Тој пристигна од Мешков Брест каде што настапуваше две сезони, а исто така ова му беше втора сезона во македонскиот шампион, со кој има активен договор уште една година.

Во честитката се вели: Браво Даинис! Браво Вардар!