Меч со многу емоции: Вечер на Бранко Ангеловски во „Младост“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Натпреварот во чест на збогувањето со активното играње на Бранко Ангеловски го наполни „Младост“ во меч со многу емоции. Ова е натпревар кој привлече и голем дел од македонските ракометни ѕвезди во салата која што е храм на македонскиот ракомет.

Битолчани и Македонија го слави Бранко Ангеловски и му се заблагодаруваат за сето она што го направи. Тука се и играчите коишто се актуелни во националниот тим, кои после завршувањето на обврските со репрезентацијата се појавија во Битола на голема радост на публиката. Ангеловски доби благодарници од македонската федерација, романскиот клуб Доброгеа Суд и здружението за превенција на рак на дојка „Борка“, а од капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров доби подарок од сите репрезентативци со кои настапувал.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”206″]