Мечевска и Јанеска до нова победа во Турција

Робертина Мечевска и Моника Јанеска беа едни од главните ракометарки за победата на домашен терен во турското домашно првенство против екипата на Кастамону. Натпреварот заврши со резултат 26:24 (13:11) во полза на екипата Анкара 1910 во која настапуваат нашите интернационалки.

Робертина Мечевска постигна два погодоци и одигра одлично во одбраната, додека младата Моника Јанеска пет пати се запиша во листата на стрелци.

Фото: Ankara 1910 SPOR Kulübü