Мечевска го раскина договорот со турскиот прволигаш!

Македонскиот репрезентативен пивот, Робертина Мечевска на полусезоната ќе бара нов клуб откако го раскина договорот со турската екипа. Мечевска повеќе не е член на Анкара 1910 и не го одигра последниот натпревар против екипата на градскиот ривал Јенимахале.
По прекинот на договорот таа како слободен играч ќе бара нов ангажман за следната година.
Мечевска за својата екипа во турското првенство постигна 24 голови во 7 натпревари.