Мец се исплаши од „змиите“, утехата за Кристијансанд

Eкипата на Вајперс Кристијансанд го освои утешното трето место на завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој се одржува овој викенд по шести пат во „Ласло Пап Арена“ во Будимпшета. Норвешкиот тим во мечот за бронза славеше над францускиот тим Мец со 30-31.

Норвежанките диктираа темпо на стартот и поведоа со 1-4, но Мец по десетина минути воспостави контрола на теренот и до крајот на првиот дел се играше изедначен натпревар. На пауза, Мец имаше минимална предност, 16-15.

Во вториот дел, по 40 минути, избраничките на Мајонад, водеа со 23-20, но ниту не им беше доволно за да здивнат. Кристијансанд преку Ваде и Суланд најпрво израмни на 23-23, а потоа норвешкиот тим беше тој што се прашуваше.

Водеше со еден дод ва голови разлика, а при 29-30, Мец погреши и Суланд погоди за 29-31. До крајот немаше време за нешто повеќе, па францускиот тим само го постави конечниот резултат, 30-31. Најдобри стрелци кај Мец беа Смитс и Заади со по пет голови, додека кај Кристијансанд се истакна Суланд со десет. Големото финале меѓу Ѓер и Ростов Дон се игра од 18:00 часот.