Мец без проблеми против дебитантот во Лигата на Шампионите

Во првиот натпревар на програмата денеска, екипата на Мец на домашен терен го пречека норвешкиот преставник во Лигата на Шампионите Гласверкет и триумфираше со резултат 25-19.

Доста изедначено беше првото полувреме кое заврши со два позитива за Мец 12-10 за на средина на првиот дел домашните ракометарки да се изборат за солидна предност од 19-13 која успеаа да ја задржат до крајот на натпреварот. Луциано со 8 погодоци беше предводник на победата на Мец, додека кај норвешката екипа Бјоернсен постигна 6.

Со оваа победа, Мец останува во борба за првата позиција во групата А каде што моментален лидер е Будуќност. Дебитантот во Лигата на Шампионите – Гласверкет по четири одиграни кола сеуште е без бодови.

Photo: B.DELHOMME