Металург 2 со лесна победа над Работнички

Ракометарите на Металург 2 се вратија на победничките патеки, па по поразот од Тинекс Пролет и ремито со Прилеп на домашен терен, славеа над Работнички со 33:21 во натпревар од 12 коло во Супер лигата.

Гостите на стартот го имаа водството, 6:3, но домашните ракометари направија серија и поведоа со 7:6. Потоа преку Танкоски, Металург 2 стигна и до предност од 13:9 во 22 минута, а до крајот на полувремето паднаа уште три гола, па заврши со предност за домашните од 14:11.

Во вториот дел ништо битно не се смени на теренот. Домашната предност беше четири гол во 35 минута, 17:13, а Матијашиќ во 41 минута донесе удвоена предност, 23:15. Шилегов зголеми на 26:16, а беше и 29:17 во 51 минута. До крајот разликата се зголеми на плус 12 за Металург 2, за конечни 33:21.

Најдобар стрелец во домашниот состав беше Димитар Димитриоски со 7 голови, Милан Лазаревски даде 6, а Мице Шилегов постигна 4. Во гостинскиот тим се истакна Дарио Симоноски со 10 голови.