Металург 2 се тестираше со Обединети Арапски Емирати

По само неколку изработени тренинзи, екипата на Металург 2 одигра меѓународен пријателски натпревар со селекцијата на Обединети Арапски Емирати и загуби со 23:17. Во новата сезона Металург 2 влезе со изменет состав.

Во првото полувреме се водеше израмнета борба. ОАЕ најчесто водеше со еден до два гола предност, но не успеа да ги надигра младите металурзи, ниту да создаде разлика која не беше достижна. Но на почетокот на вториот дел, тимот од Автокоманда играше лошо и противникот создаде солидна залиха, која ја одржа до крај на мечот што заврши 23:17.

Нелоски и Гошевски беа најефикасни со по 4 голови на овој натпревари.„Новиот Металург 2“ практично е збир од кадетската екипа, која е актуелен државен шампион, и неколкуте ракометари останати од составот со кој беше завршена минатата сезона. Екипата работи под водство на тренерот Никола Матлиески.