Металург 2 продолжува во македонската Суперлига

Најсилното македонско првенство оваа сезона ќе биде побогато за составот на Металург 2. Откако Макс Струмица не го пријави своето учество во македонската Суперлига, последниот патник кој ги менува „рисовите“ од Струмица требаше да го одреди бараж дуелот меѓу Преспа и Металург 2.

Во спортскиот центар во Прилеп, на неутрален терен, двете екипи одлучуваа за влез меѓу македонската ракометна елита. Преспа одлично го отвори натпреварот и по воведниот дел имаше предност од 5-1. Сепак во продолжение младите ракометари од Автокоманда покажаа карактер и не дозволија да ја испуштат последната шанса за враќање меѓу најдобрите ракометни екипи во Македонија. До средината на првиот дел го израмнија резултатот на 8-8, а периодот на израмнета игра кулминираше со звукот на сирената и предност за скопјани од 14-15 со која двете екипи заминаа на пауза.

Во второто полувреме дојде до израз подготовката и квалитетот на ракометарите на Металург 2. Преспа полека започна да го губи ритамот, а темпото кое го наметнаа ракометарите на Петровски и Димитриоски значеше висока победа од 24-31 и враќање на Металург 2 меѓу суперлигашите.

ПРЕСПА 24 -31  МЕТАЛУРГ 2 (14-15)

СТРЕЛЦИ:

Металург 2: Димитриоски 12,Шилегов 5, Танковски 7, Лазаревски 4, Гошевски 3

Преспа: Шабединовски 1, Јошевски 6, Даскаловски 4, Камчев 1, Наумовски 5, Трајчевски 1, Мохали 2, Башески 4