Металург 2 поразен од Пелистер

Ракометарите на РК Металург 2 на гостувањето во Битола беа поразени од Пелистер со 14:21 (8:6) во петнаесетото коло од македонската супер лига. Металург 2 во Битола гостуваше со изменет состав бидејќи поголемиот дел од ракометарите беа префрлени во составот на Лино Червар. Неискуството си го направи своето па така Пелистер во второто полувреме направи недостижна разлика. Најефикасен во составот на Пелистер беше Богдан Николиќ со пет погодоци додека меѓу стативите Филип Симоновиќ имаше 17 одбрани. Во составот на Металург се истакна Давор Палевски со шест погодоци.

Со победата против Металург ракометарите на Пелистер ги задржуваат шансите за пласман во плеј-офот.