Металург ќе презими како лидер во Женската лига

Екипата на Металург го доби последниот натпревар за оваа полусезона, а во него ја надигра екипата на Цемс во Автокоманда со 45:16.

Составот на Цемс е длабоко на дното и прашањето за победникот во овој дуел беше јасно уште пред почетокот. Металург ја оправда улогата фаворит и одигра напаѓачки од првата до последната минута.

Таквата игра ја предводеше Јана Калајџиеска со осум голови, а дури шест ракометарки погодија по четирипати. На другата страна, Наталија Пецанова погоди 12 од вкупните 16 голови за Цемс и покажа одредена разлика во сооднос на нејзините соиграчки.

Сега Металург има четири поени предност во однос на второпласираниот Куманово кој в недела го дочекува Спартак, додека Цемс е претпоследен со вкупно девет поени.

МЕТАЛУРГ – ЦЕМС 45:16 (21:7).

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Ѓорѓиевска 3, Владева 2, Гулицоска 3, Тасевска 4, Смајлоска 1, Дамчевска 4, Калајџиевска 8, Граматова 4, Ристовска 4, Стојановска 4, Стефановска 3, Брунчевиќ 1, Гичевска 4, Паскал, Кркачева.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ЦЕМС: Петковска 1, Ангелковска, Малцева 1, Николовска 1, Михаловска 1, Донева, Станчева, Лазова, Пецанова 12..

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.