Металург ќе биде домаќин во Полска

Македонскиот шампион Металург, кој оваа сезона се пријави за настап во ЕХФ Купот, се реши за непопуларен потег.

Тимот од Автокоманда, двете средби од првото квалификациско коло во второто по ранг клупско натпреварување, ќе ги одигра на теренот на противникот.

Ривал е полскиот Заглебје Лубин, а натпреварите ќе се одиграат викендот на 7 и 8 септември. Првиот започнува од 18:00 часот, додека реваншот утредента ќе почне од 17:00 часот.

Вториот наш претставник, Куманово, двата меча против Славија Прага ќе ги игра дома на 14 и 15 септември.