Металург јуниор со четворица меѓу најефикасните

За разлика од првата група во Група 2 од Првата машка лига најдобриот стрелец има 16 гола и заостанува во однос на конкурентите. Сепак, на Влатко Тасевски од Куманово му се доволни овие погодоци за да го има лидерското место на посебната листа.

Затоа, пак, во топ 10 има дури четворица ракометари од екипата на Металург јуниор кои на стартот од сезоната покажуваат ефикасна игра и демонстрираат квалитет кој ќе значи многу во продолжение од сезоната и за тимот кој одново е во битка за висок пласман.

Зад Тасевски со само еден гол заостанување е Лазар Ников, па јасно е дека ова ќе биде интересна сезона во Првата лига и ќе има што да се види во текот на целата сезона. Сепак, битките од овој дел финишираат во декември по што ќе се формираат нови групи за напролет.

ПРВА МАШКА ЛИГА (ГРУПА 2)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ТОП 10

16 – Влатко Тасевски (Куманово)

15 – Лазар Ников (Металург јуниор)

13 – Иванче Ончев (Астраион)

13 – Стефан Крстевски (Металург јуниор)

13 – Ристо Трајковски (Вардар Неготино)

11 – Антонио Апостоловски (Македонија ЃП)

11 – Марио Гичев (Металург јуниор)

11 – Стефан Коловски (Металург јуниор)

10 – Марко Митревски (Риниа М)

10 – Адис Салиу (Риниа М)