Металург јуниор на дерби во Куманово

Откако вчера се играа две средби од групата 1, а денеска колото ќе биде комплетирано со уште два меча, во групата 2 ситуацијата е поинаква. Сите натпревари ќе се одиграат денеска, а ќе има четири интересни средби.

Двете поинтересни средби се очекуваат вечерва од 19 часот. Во Куманово гостува тимот на Металург јуниор и ова ќе биде интересен дуел со оглед на квалитетот на екипите. И двата тима се сметаат како кандидати за висок пласман, па сосема извесно е дека ќе има интересна пресметка.

Се очекува да биде интересно и меѓу градските ривали Риниа М и Македонија Ѓорче Петров што значи дека и денеска ќе може да се следат интересни натпревари во кои ќе мора да се одигра максимално во желбата за освојување на бодови.

ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 2

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО

НЕДЕЛА, 23.09.2018

12:00ч

ТЕКСТИЛЕЦ – АСТРАИОН

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

13:00ч

МЛАДОСТ 09 – ВАРДАР НЕГОТИНО

Сала: Стојаково во Стојаково. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

19:00ч

РИНИА М – МАКЕДОНИЈА ЃП

Сала: ОУ „7 март“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

Сала: Куманово во Куманово. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург јуниор 3 бода (37:18); 2. Вардар Неготино 3 (28:22); 3. Македонија Ѓорче Петров 3 (23:21)…